Победничко ’селфи’ за Пелистер од Могила

На Могила гостите тешко освојуваат бодови, но тоа им успеа на фудбалерите на Пелистер, кои славеа во пелагониското дерби против вечниот ривал Победа. Триумфот од 1-2 на крајот беше овековечен и со победничко ’селфи’ од соблекувалната. „Пелистерци“ покажаа дека и оваа сезона ќе играат видна улога во шампионатот и на стартот прокнижија три бода.

Иве Трифуновски го постигна првиот погодок за Пелистер на дуелот на Могила, а Бразилецот Лукас во 70.минута ја донесе победата.

Се вчитува...