Жестока караница меѓу Стефан Ристовски и Бас Дост во Спортинг Лисабон

Спортинг Лисабон се пласира во полуфиналето на Лига купот на Португалија со триумфот на гости (1-2) против нисколигашот Кова де Пиедаде, но веднаш по завршувањето на дуелот следеше жестока расправија меѓу една од ѕвездите на тимот, напаѓачот Бас Дост, и македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Веднаш до нив беше и тренерот Жорге Жесус, па очигледно ќе има што да им каже во наредните неколку денови кога е дисциплината во прашање…

Спортинг Лисабон во полуфиналето на Лига купот на Португалија ќе ги одмери силите со Порто.

Се вчитува...