16-годишната Симјановска во финалето во велеслалом на СП во Сент Мориц

Македонската репрезентативка Лидија Симјановска ќе скија во финалето во велеслалом на натпреварите од Светскиот шампионат во Сент Мориц.

16-годишната Симјановска вчерашните квалификации во велеслалом ги заврши на 46. место од вкупно 75 натпреварувачки,2:24.92 и заостанување од +25.14 секунди зад првопласираната. Но, во финалето ќе се натпреварува како единствена скијачка од Македонија. Согласно правилата секоја земја може да пријави по еден натпреварувач во финалето доколку ја завршил квалификациската трка.

Финалето во велеслалом е на 16. февруари. Првата трка е од 10 часот, а втората од 13 часот.

На Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, Македонија ја претставуваат седум скијачи. Покрај Симјановска, во Сент Мориц се и Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом) и Виктор Петров (велеслалом).

Се вчитува...