За доброто на фудбалот, не го споредувајте Меси со „седумката“ на Јуве

Лионел Меси одигра уште еден натпревар за паметење предводејќи ја Барселона до убедлива победа од 3-0 над Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите. Комплименти доаѓаат од сите страни, а еден од најоригиналните дефинитивно е оној на Марио Балотели, кој смета дека со синоќешниот меч треба да престанат сите дилеми околу тоа кој е подобар фудбалер – Меси или Роналдо.

За доброто на фудбалот, повеќе не го споредувајте со „седумката на Јуве“ – напиша „Супер Марио“ на своите профили на социјалните мрежи, под објавата со наслов „Лео Меси феномен“.

Се вчитува...