Роналдо сепак не се реши од обвинувањата за силување

Кристијано Роналдо се уште не е сигурен од обвинувањата за силување, откако денеска се појави информација дека Американката Кетрин Мајорга се откажала од целиот процес. Новинарот на „Шпигел“ Рафаел Бушман вели дека целиот случај е префрлен во друг суд.

За потсетување,  Мајорга минатата година во Лас Вегас го тужеше Роналдо за силување, кое наводно се случило во 2009 година. Нивната средба се случила во летото, неколку дена откако Португалецот за 94 милиони евра премина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид. Средбата се случила во ВИП делот на еден ноќен клуб, а потоа двајцата завршиле во апартман, каде наводно Роналдо ја присилил девојката на секс.

 

Се вчитува...