Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е претставен како нов фудбалер на калчолигашот Удинезе. Нестогол со клубот потпиша тригодишен договор, а во Удине премина како слободен фудбалер, бидејќи против Палермо се водеше истрага за бројни нерегуларности во финансиското работење, а Италијанската Фудбалска Федерација не покажа милост кон сицилијанците, исфрлајќи ги во понизок ранг на натпреварување.
„Несторовски во минатото покажа дека знае како се постигнуваат погодоци во сите натпреварувања, вклучувајќи ја и Серија А“, изјави техничкиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино.
Несторовски кариерата ја почна во прилепска Победа. Интернационалната кариера ја почна во чешкиот тим Словачко каде не доби голема шанса и беше испраќан на позајмици во Викторија Жижков и Металург. Во 2013. премина во Интер Запрешиќ каде со одличните партии обезбеди трансфер во Палермо. Во италијанскиот тим помина три години во кои забележа 99 настапи, постигнувајќи 39 гола.
Nestorovski è bianconero! ⚪⚫
? https://t.co/O3V66cB9qL pic.twitter.com/gt98fTqST3— Udinese Calcio (@Udinese_1896) July 26, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА