Игравте со срце – Македонија мора да биде со вас во баражот за ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација го запиша најдобриот пласман низ еден квалификациски циклус во историјата, завршувајќи на третото место во групата на патот кон ЕП 2020. Македонија не успеа, преку регуларните квалификации, да се избори за место меѓу најдобрите на Стариот континент но сосема е јасно дека изданието вечерва против Израел и тоа како дава огромна надеж избраниците на Игор Ангеловски да се најдат на Европското првенство следната година, преку бараж дуелите во Лигата на нациите.

Националните тим вечерва донесе радост за присутните на арената „Тодор Проески“, веројатно како најава дека ќе се даде максимумот и за победи во двата бараж меча во Лигата на нациите… Одличното прво полувреме носи огромна надеж за успешни мартовски натпревари следната година, но резервираното второ полувреме дава на знаење за неопходна приземност пред клучниот меч во полуфиналето од Лигата на нациите со Косово.

До тогаш, останува впечатокот за, во секој случај, позитивен квалификациски циклус кој го оставаме зад нас… Како што порачаа и дел од навивачите вечерва на „Тодор Проески“: „Игравте со срце, Македонија е со вас…!“ А, Македонија и македонската јавност останува да биде со максимална поддршка за фудбалерите и во март во баражот за ЕП!

 

 

Се вчитува...