Санчез и Видал ќе мораат во карантин во Чиле

Алексис Санчез и Артуро Видал кога ќе се вратат во Чиле како би настапиле за својата репрезентација во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година, ќе мора одреден период да бидат во изолација. Причината секако е коронавирусот и фактот дека двајцата фудбалери настапуваат во земји кои се најзагрозени од епидемијата.

„Не ги разликуваме луѓето по нивните професии, бидејќи никој не е имун на вирусот и мора да биде во карантин, откако донесовме одлука за сите лица кои престојувале во Италија. Секако, ако овие фудбалери сакаат да бидат сами во своите куќи и да тренираат во изолација тоа ќе им биде дозволено“, изјави чилеанскиот министер за здравје Хаиме Мањалич. 

За разлика од министерот за здравство, од фудбалската федерација на Чиле се изненадени од оваа изјава бидејќи тие сметаат дека нема никаква потреба за изолација на Санчез и Видал.

Се вчитува...