Легенда на бугарскиот фудбал: Погледнете каде играат македонските репрезентативци, а каде нашите

Легендата на бугарскиот фудбал, Јордан Лечков, кој е потпретседател на бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), синоќешниот пораз на Бугарија од Финска не можеше а да не го компарира со успехот на македонската репрезентација

„Јас од поодамна кажувам да се погледнеме самите себе, да погледнеме кои фудбалерите во националното првенство. А, како за според може да ја погледнеме Македонија. И не ја земам за пример затоа што сега се пласира на ЕП туку како пример каде македонските репрезентативци играат а каде нашите. Мачно ми е, треба да имаме силна лига, ама и се помалку младите имаат желба за фудбал, а за тоа сме виновни сите, од повеќе аспекти тоа треба да се разгледува“ – вели Лечков.

Според Лечков, за слабите резултати на репрезентацијата на Бугарија виновен е и огромниот наплив на странци во бугарските клубови. ЦСКА Софија и Лудогорец играат во групната фаза од Лигата на Европа, а репрезентацијата има очајни резултати.

Се вчитува...