Бока јуниорс го одигра првиот натпревар по смртта на клупската легенда Диего Марадона и со 2-0 победи против Њуелс Олд Бојс, уште еден поранешен клуб на аргентинскиот ас.
Се на „Ла Бомбонера“ беше во знакот на Марадона кој во средата почина на 60-годишна возраст. Сите фудбалери на Бока го носеа дресот со неговото име, на тревникот беше транспарент со порака дека Диего е бесмртен, а во 12. минута откако Бока поведе со голот од слободен удар на Кардоне, сите фудбалери дотрчаа пред ВИП ложата од која бројни натпревари гледаше Марадона. Во ложата овој пат беше неговата ќерка Далма, а сите играчи пред неа аплаудираа во чест на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Далма секако не можеше да ги сокрие солзите…
The raw emotion of Dalma Maradona, Diego’s daughter, upon receiving an ovation from Boca Juniors after scoring the game’s opening goal.
— Nico Cantor (@Nicocantor1) November 29, 2020
Марадона за Бока играше на почетокот од кариерата во 80-те години од минатиот век и на од 1995 до 1997 година. Одигра 70 натпревари за тимот од Буенос Аиерес постигнувајќи 35 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА