На „Кале“ не може без драма – нов триумф на Работнички во неизвесна завршница (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во натпревар со две различни полувремиња, Работнички успеа да го одбрани домашниот терен и да слави со 89-85 над расположениот состав на Еуро Никел. „Црвено-белите“ одиграа доминантна втора четвртина во која постигнаа 33 поени, а примија само 12, но покуси не останаа ниту гостите од Кавадарци кои го превземаа моментумот во второ полувреме.

Избраниците на Горан Самарџиев го добија вториот дел од натпреварот со 35-48 и навестија неизвесна завршница во која човекот на одлука беше Девон Вашингтон кој со две тројки на 39 секунди пред крајот го постави конечниот резултат. Шансата за враќање во игра и ново изенадување против еден од фаворитите за освојување на титула, Еуро Никел ја пропушти со две изгубени топки во двата последни напади.

 

Се вчитува...