Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа донирал голема сума пари за помош на боксот во неколку држави, а кои се во тешка финансиска ситуација поради пандемијата на коронавирусот.
Британските медиуми наведуваат дека станува збор за шестцифрена сума, која тој ја донирал на повеќе боксерски клубови од Англија, Велс и Шкотска. Боксот не беше вклучен во списокот на спортови кои добија државна помош во вредност од 300 милиони фунти во ноември, па некои боксерски клубови мораа да ги затворат „вратите“.
„Да немаше боксерски клубови и спортски сали, немаше да бидам јас. Тие сали беа секогаш отворени за секого, без оглед на потеклото. Ако повторно бев тинејџер и боксерските сали беа затворени, ќе бев надвор од умот, целосно скршен “, изјави Џошуа.
Ентони го освои олимпиското злато во 2012 година во Лондон, и после тоа ја започна својата професионална кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА