УЕФА би можела да ја исфрли Шпанија од ЕВРО 2024 поради мешање на политиката во фудбалот!?

УЕФА би можела да ја исфрли Шпанија од настап на ЕВРО 2024 но и исфрлање на шпанските клубови од европските натпреварувања, ако политиката се вклучи во фудбалот.

УЕФА постојано ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, по бројните реакции од Барселона која подготви тужба за националниот сојуз како по судски пат би го решила спорот дали се оштетени во поразот од Реал Мадрид од 2-3. Но, на УЕФА не и се допаѓа и тоа што шпанската федерација се уште не избрала нов претседател, а поради корупцискиот скандал дел од кандидатите се суспендирани. Како што е познато, плус Луис Рубиалес, поранешниот претседател на РФЕФ, беше суспендиран од сите фудбалски должности на три години поради сексистичкиот скандал во финалето на Светското првенство за жени.

„Во последните години ФИФА ги казни Перу, ЧАД, Гватемала, Кенија, Тринидад и Тобаго и Зимбабве. Следна на ред би можела да биде Шпанија. Во Нион и Цирих беа шокирани кога се појави информација за можната казна. По состанокот во четвртокот сфатиле дека се случува нешто што досега не е забележано. Двете организации сметаат дека претседателот на Врховниот совет за спорт на Шпанија, Родригез Урибес, прекршил се што е договорено и дека затоа мора да даде убедливо објаснување за своите постапки или Шпанија ќе почне да трпи последици за постапките на Врховниот совет. Овие последици се однесуваат на ЕВРО 2024, Светско првенство 2026 и сите европски натпреварувања на шпанските клубови. Ова не е закана без покритие, сега е реалност“ – пишува шпанска „Марка“.

Се вчитува...