Размена Погба за Азар, кој повеќе би „ќарил“

Пол Погба се врати во одлична форма во финишот од сезонава, но францускиот ас се уште делува решено да си замине од Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок. Тој нема намера да потпише нов договор, „црвените ѓаволи“ се согласни да го продадат доколку добијат интересна понуда, а според последните информации Мино Раиола подготвува размена на релација Реал Мадрид – Ман Јунајтед, во која „црвените ѓаволи“ во размена би го добиле Еден Азар.

Белгиецот пристигна во Мадрид како најскапо засилување во историјата на најтрофејниот европски клуб, но никогаш не го опрвда ваквиот епитет. Честите повреди го спречија да влезе во ритам, а и на оние натпревари на кои доби шанса одигра далеку под своите можности и формата што ја прикажуваше во дресот на Челси. Погба неодамна изјави дека со задоволство би го облекол дресот на Реал Мадрид, по што веднаш се појавија и шпекулациите за размена за Азар.

„Секако дека таква трампа е возможна од мој аспект, но прашајте во Реал Мадрид“, кратко прокоментира Мино Раиола на оваа тема.

Реал во Погба би добил нова „ѕвезда“, но и играч што долгорочно би бил наследник на Тони Крос, но прашање е колку Јунајтед би се „коцкал“ во целата ситуација, со оглед на честите повреди на Азар, кој би добил огромна плата проследена со голем ризик од евентуална промашена инвестиција.

Се вчитува...