И вториот финалист на ЕВРО ќе го дознаеме по продолженија (ВИДЕО)

Исто како и на вчерашното прво полуфинале, така и на второто 90 минути не беа доволни да се одреди патникот во финалето, откако Англија и Данска по регуларниот дел одиграа нерешено 1-1.

Данците поведоа со евроголот на Дамсгард од слободен во 30. минута, додека девет минути подоцна „гордиот албион“ израмни со автоголот на капитенот на Данска, Симон Кјаер.

 

Автоголот на Симон Кјаер може да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...