Партизан за три минути ја нокаутираше Санта Клара, сигурни победи на Тотенхем и Рома

Партизан се пласираше во групите од Конференциската лига на УЕФА откако српскиот вицепрвак славеше на вечерашниот реванш со Санта Клара со 2-0, надополнувајќи ја негативата од 1-2 од првиот меч во Португалија.

„Црно-белите“ стигнаа до триумф благодарение на фуриозните три минути во првото полувреме, период во кој најпрвин Рикардо погоди од пенал за 1-0, а веднаш потоа дефанзивецот Саничанин биеше прецизно со глава по корнерот од левата страна, за огромна радост меѓу фановите на Партизан.

Дарко Велковски и Ријека ја завршија овосезонската европска авантура откако го загубија денешниот реванш од ПАОК со 0-2. Македонскиот дефанзивец целиот меч го следеше од клупата за резерви, а грчкиот состав до триумф дојде благодарение на погодоците на Ел Кадури во 11. минута и на Мург на десет минути до крајот на мечот.

Хамарби приреди изненадување елиминирајќи го Базел, откако шведскиот тим најпрвин ја надополни негативата од 3-1 од првиот меч, а потоа по подобро изведување на пеналите го совлада фаворитот од Швајцарија.

Рома рутински се пласираше во групната фаза славејќи со 3-0 на реваншот против Трабзон, со головите што за тимот на Жозе Мурињо ги постигнаа Кристанте, Заниоло и Шомудоров.

Тотенхем триумфираше со 3-0 над Пакош Фереира (два гола на Кејн, еден на Ло Целсо), надополнувајќи ја негативата од првиот меч во Португалија.

Се вчитува...