За среќа нема жртви – се урна трибина додека навивачите славеа со играчите (видео)

Витесе како гостин го совлада НЕК Нијмеген со 0-1, но прославата на победата можеше да заврши кобно за гостинските фанови откако попушти дел од трибината на која се наоѓаа приврзаниците на Витесе.

До немилата случка дојде откако навивачите скокаа на трибините поздравувајќи ги фудбалерите кои се наредија пред нив. За среќа, не дојде до целосен колапс на трибината, па целата случка мина без повредени навивачи.

„Шокиран сум од она што се случи. За среќа нема повредени, но ќе наредам истрага за да видиме зошто дојде до таков колапс на дел од стадионот“, изјави градоначалникот на Нијмеге, Хуберт Брулс.

Се вчитува...