Судијка призна дека е во врска со фудбалер на кој му дели правда

Познатата холандска судијка Шона Шукрула ја изненади јавноста откако призна дека е во врска со фудбалер на кој некогаш му дели правда. Станува збор за членот на второлигашот Емен, Џеф Хадервелед. Тој минатата година играше во Хераклес, а оваа година е во Емен. Инаку Шукрула некогаш била фудбалерка, а како судијка во Втора лига дебитирала оваа 2019 година.

Таа веќе судеше натпревари во Лигата на шампионите во женска конкуренција, а наводно треба да биде и првата жена која ќе суди натпревар во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Шукрула информациите околу нејзината врска со фудбалер ја објави на Инстаграм каде што објави фотографија со наслов „сега е официјално“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shona Shukrula 🐺 (@shonashukrula)

Се вчитува...