Рома и Феенорд вечерва ќе се сретнат во финалето на новото натпреварување на (УЕФА) Конференциската лига. Првото издание во третото по ранг натпреварување во Европа финалниот меч ќе го има на Националната арена во Тирана, Албанија.
Жозе Мурињо со најсилниот тим ќе го стартува мечот во кој ќе се обиде да стане првиот тренер во историјата кој на титулите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе ја додаде и таа во Конференциската лига.
Нападот на Рома ќе го предводи Тами Абрахам, а ќе му помага Заниоло. Во офанзивната линија на Феенорд се најдоа Синистиера, Десерс и Нелсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА