Сантош по поразот на Португалија: Направивме грешки, дозволивме Шпанците да ја имаат топката во своите нозе

Португалија синоќа на домашен терен загуби од Шпанија во последните минуди од мечот со 0-1. Тимот на Фернандо Сантош преживеа иста судбина како на дуелот против Србија во последното коло од квалификациите за Европското првенство.

Овој болен пораз во Брага на домаќините им ја одзеде шансата да играат на завршниот турнир на Лигата на нации. Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош ги искажа своите впечатоците за натпреварот со Шпанија во натпреварот од Лигата на нации.

„Тимот одигра многу добро во првото полувреме. Изгледавме подобро и покрај тоа што Шпанците имаа поголем посед на топката. Но, моравме повеќе да комбинираме со топката за да го развлечеме противникот и да создадеме поголем притисок. Во првото полувреме создадовме неколку шанси, додека Шпанија не направи ништо“, изјави Сантош.

Шпанците славеа со 0-1, а стрелец на единствениот гол беше Алваро Мората во 88. минута. „Црвената фурија“ по ваквиот исход го освои првото место во својата група и се пласираше во плеј-офот од Лигата на нации, каде ќе играат заедно со Италија, Хрватска и Холандија.

Се вчитува...