Македонската репрезентација на силниот боксерски турнир „Златна ракавица“ во Ниш

Македонската репрезентација во бокс ќе учествува на силниот Меѓународен турнир 67. „Златна ракавица” кој од денеска до 15 декември ќе се одржува во Ниш, Србија.

Македонија на реномираниот турнир ќе ја претставуваат Наум Стојановски (71 кг), Лука Трифуновиќ (67 кг), Ебуталип Агушев (54 кг) и Ардијан Рустемовски (60 кг) во младинска конкуренција, како и Енис Алиу (75 кг), Ален Рустемовски (60 кг) и Ружди Рустемовски (63.5 кг) во сениорска конкуренција.

Националниот тим во Ниш ќе го предводат тренерите Владимир Цекиќ и Мухамед Алија, додека во делегацијата се и националните судии Мејдин Бајрамов и Артан Алију.

На турнирот, според најавите, ќе настапат 100 боксери во машка и женска конкуренција од 10 држави.

Се вчитува...