Адетокумпо се понуди на Ал Хилал: Земете ме мене, личам на Мбапе

Веста за неверојатната понуда од страна на Ал Хилал за ангажман на Килијан Мбапе вредна вкупно една милијарда евра од кои неверојатни 700 милиони евра му следат на 24-годишниот француски репрезентативец одекна како бомба низ светот.

Социјалните мрежи се преплавија со коментари и анализи, а многумина истата ја доживеаја и со хумар. Еден од нив е грчкиот кошаркар, ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо кој објави фотографија од себе нудејќи се на саудискиот клуб бидејќи личи на Французинот.

Се вчитува...