Бејл: Велс никогаш не се предава, во нашата крв е борба

Најдобриот играч на Велс, Герет Бејл кажа дека бил нервозен пред изведувањето на пеналот против САД, но дека добро знаел што можел да направи.

Американците во првиот дел доминираа, а потоа во вториот дел откако не успеаја да реализираат за 2-0, се решија да се бранат во финишот, а потоа на сцена стапи Герет Бејл кој израмни во 82. минута.

„Пред две години бевме во иста ситуација кога губевме од Швајцарија во првиот меч, но покажавме карактер, и сега го покажуваме. Велс е екипа која никогаш не се предава. Во нашата крв е борба. Во второто полувреме и новата борба која ја покажавме дава надеж дека ќе го продолжиме натпреварувањето. На пеналот бев нервозен нормално, но знаев што правам. Јас сум изведувач на пеналите и морав да превземам одговорност“, рече Бејл.

Се вчитува...