Борко го „пецна“ Металург: Лажната слика за „македонски проект“ (ФОТО)

Голманот на Вардар, Борко Ристовски, не ја пропушти можноста да го „пецне“ Металург по најновиот убедлив пораз од Полска. Замерките на Ристовски не се за конечниот исход, туку за фактот дека за „металурзите“ на овој меч настапија интернационалци од регионот, наспроти најавите од „Автокоманда“ дека се создава нов македонски проект.

„Рниќ, Додиќ, Поповиќ, Калуѓеровиќ… Лажната слика за македонски проект“, напиша Ристовски на својот инстаграм-профил, со фотографија од натпреварот при моментен резултат 26-13.

Еден од проблемите на македонскиот ракомет се и големиот број на странски ракометари, но истото е случај и со Вардар. Тимот во кој настапува Ристовски, во кој главниот збор на речиси сите позиции го имаат токму странците, а и веќе најавените засилувања за наредната сезона се играчи кои не се македонски репрезентативци.

Се вчитува...