Бразилскиот ас од Кина се враќа во Европа: Во 2017 го шокираше светот, сега оди во Бешикташ

Бразилскиот фудбалер Оскар во 2017 година ја шокираше светската фудбалска јавност со одлуката во врвот на својата кариера да го напушти Челси и да потпише за кинескиот Шангај СИПГ.

Оскар тогаш со свои 25 години се одлучи за трансфер во далечната Кина, во меѓувреме собирајќи 194 настапи за Шангај, со 57 постигнати гола и 104 асистенции.

Шангај пред шест години го плати 60 милиони евра, а сега за далеку помал износ ќе го ослободи за трансфер во турски Бешикташ каде ќе му се приклучи на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ.

Се вчитува...