Бреша ги „збриша“ евролигашите за титула во Купот на Италија

Бреша направи сензација во италијанскиот кошаркарски Куп. Откако го елиминираше Милано во четвртфиналето, потоа славеше убедливо и против Песаро денеска во големото финале славеше и против Виртус Болоња со 84-76.

До победа Бреша ја предводеше Амедо Дала Вале со 26 поени и 6 асистенции, а него го следеше Петручели со 13 поени и 5 скока. Белинели беше лидер на Вирутс Болоња со 24 поени и 3 асистнеции, а Шенгелија додаде 12 поени, 5 асистенции и 4 скока.

Се вчитува...