Дали знаете колку вреди целата репрезентација на Саудиска Арабија?

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ја приреди најголемата сензација досега СП во Катар откако утрово славеа над Аргентина со 1-2 во натпреварот од првото коло во групата Ц.

Вкупната цена на репрезентацијата на Саудиска Арабија е 25,4 милиони евра, што е двапати помалку од сегашната цена на првата ѕвезда на „гаучосите“ Лионел Меси. Вкупната вредност на тимот на Лионел е 633,2 милиони евра, што е за 25 пати повеќе од онаа на Саудиска Арабија.

Во вториот натпревар од оваа група од 17 часот ќе се сретнат Полска и Мексико.

Се вчитува...