Дервишевиќ: Продолжуваме со добрата работа, секоја чест за момците

Феникс 2010 и Работнички вчера одиграа маратонски финални натпревари во младинските конкуренции за кошаркари под 16 и под 18 години во кои ги поделија титулите. Работнички славеше во „малото финале“, додека Феникс 2010 ја освои титулата во „големото“.

Интересно е тоа што дел од играчите кои настапуваа на првиот финален натпревар во конкуренцијата под 16 години продолжија да ги бранат боите и за својот тим во конкуренцијата под 18 години.

По натпреварите, тренерот на Феникс 2010 не ги криеше задоволството од прикажаното на неговите играчи кои одиграа невеојатни 12 натпревари за една недела.

„Секоја чест за овие момци кои машки се бореа до крај на двата финални натпревари. Не беше воопшто лесно ни за нив, во кус период одигравме голем број на натпревари и она што радува е нивната страст и желба за играње. Продолжуваме со успешната работа и за тоа сами зборат резултатите. Благодарност и до мојот стручен штаб со Дамјан Саздов, Мартин Мојсовски, Златко Ристовски, Дејан Ристовски и физиотерапевтката Бојана Петреска кои постојано беа со нас“, изјави за ЕКИПА, Денис Дервишевиќ.

Се вчитува...