Џерард: Првенството на Саудиска Арабија може да биде најсилното на светот

Стивен Џерард прво ја одби, а потоа ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија со што стана нов тренер на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски во Ал Етифак.

Легендарниот Англичанец со тоа ја продолжи низата на ангажмани во егзотичната дестинација по имиња како Кристијано Роналдо, Нголо Канте, Карим Бензема…, а верува и дека ова првенство може да стане најсилното во светот бидејќи има потенцијал за тоа.

„Имам амбиции да продолжам да го развивам клубот и да ја направиме лигата да биде една од најдобрите во светот. Тука има потенцијал за тоа. Мислам дека клубот има чудесна историја и фантастична поддршка. Тоа е многу важно. Мислам дека може да направиме сериозно добра работа“, вели Џерард за новиот предизвик.

Се вчитува...