Димитријевиќ флертуваше со „дабл-дабл“ во победата на Уникс над Зенит

Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните настапи во Русија. Откако го предводеше својот тим со 30 поени до бронзен медал во Суперкупот на ВТБ, денеска на отварањето на новата сезона во силното првенство го предводеше Уникс Казањ до гостинска победа од 79-82 против фаворизираниот Зенит.

Македонецот одигра одлично второ полувреме во кое беше лидер на својот тим во нападот и воедно ги резлираше дел од конечните поени на мечот преку мирната рака од линијата за слобни фрлања во завршницата. Претходно имаше и клучна улога во одбраната кога при резултат 73-75 изнуди грешка во чекори на противничкиот кошаркар на „низок пост“ и спречи изедначување.

Димитријевиќ флеруваше со дабл-дабл учинок откако на 17-те постигнати поени за кои реализираше со 6/10 во обидите за два поени и 5/6 од линијата за слободни фрлања додаде и 9 асистенции.

 

Се вчитува...