Дончиќ и Ронде досега доминираат на Мундобаскетот (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Ронде Холис Џеферсон ги одбележаа првите две кола на Светското првенство 2023.

Словенецот низ првите два натпревари има просек од 36,5 поени, а „Јорданецот“ – 31,5 поени. Најблиску до нив се Карлик Џонс од Јужен Судан со 28 и Карл-Ентони Таунс од Доминиканската република со 25 поени по натпревар.

Најдобар скокач во моментов е Џошуа Хокинсон од Јапонија со 14,5 скока по меч, а веднаш до него е Еди Тавареш со 13 скока по меч.

Порториканецот Тремонт Вејтерс е прв асистент досега на Мундобаскетот со 10 проигрувања по натпревар, пред Џонс со 8,5 и Летонецот Артурс Жагарс со осум асистенции.

Се вчитува...