Ефенберг: Будалаштина е одлуката на Лев

Поранешниот репрезентативец на Германија, Штефан Ефенберг, смета дека постои шанса Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс, повторно да заиграат за националниот тим. Јоаким Лев на почетокот на март отпатува во Минхен како на тројцата првотимци на Баерн би им соопштил дел од неговите идни планови, што предизвика остри критики кај дел од германската фудбалска јавност.

„Будалаштина е одлуката да е конечна. Ако квалификациите не поминат добро, Лев нема да биде селектор, а со самото тоа и одлуката да ги исклучи повеќе нема да важи“, истакна Ефенберг по пријателскиот натпревар против Србија кој заврши 1-1. 

Репрезентацијата на Германија настапите во квалификациите за Европското првенство 2020 година ги почнува на 24. март, со гостинскиот натпревар против Холандија.

Се вчитува...