Екс-фудбалер на Рома и Интер повторно уапсен во Белгија

Поранешниот фудбалер на Рома и Интер, Раџа Наинголан вчера повторно бил уапсен од полицијата во Антверпен, Белгија. Овојпат членот на Ројал Антверпен возел без возачка дозвола, па случајно наидел на полициска контрола која го санкционирала.

Откако било утврдено дека го прекршува законот веднаш бил приведен, а по остварениот разговор бил набрзо и пуштен на слобода.

За Наинголан ова е второ апсење и приведување во полициска станица, откако и лани беше фатен како вози пијан и над дозволената брзина во Антверпен. По епизодата во Каљари, Рома и Интер, Наинголан се одлучи да се врати во Белгија каде има потпишано двегодишна соработка со Ројал Антверпен.

 

 

Се вчитува...