Елмас и Наполи ги започнаа подготовките со победа, славеше и Лацио

Наполи и Лацио со убедлви победи ги започнаа подготовките за новата сезона. Клубот на Елиф Елмас славеше со 1-4 на средбата против Перуџа, додека поранешниот клуб на Горан Пандев беше подобар од Тристена со 3-1.

Голеадата на натпреварот на Наполи ја започна Кварацхелија во 5. минута, а Ангуиса во 37. минута ја зголеми предноста. Мелчори намали на 1-2 во 48. минута, но шест минути подоцна Политано зголеми на 1-3. Конечниот резултат го постави Патегна во 93. минута.

Македонскиот репрезентативец за кој постои интерес од Милан влезе на мечот во второто полувреме, но за жал не успеа да се запиша во листата на стрелци.

Сличен тек имаше и натпреварот помеѓу Лацио и Тристена. Имобиле во 24. минута донесе водство за својот тим, Кансилиери во 63. минута зголеми на 2-0, но по само две минути Гомез намали на 1-2. Последниот гол на средбата му припадна на Бертини.

Се вчитува...