Ериксен го скрши отпорот на Брајтон

Тотенхем направи џиновски чекор напред кон место во ЛШ наредната сезона откако „спарси“ вечерва по голема битка славеа над Брајтон со 1-0. Лондонскиот клуб 88 минути се мачеше да го скрши отпорот на гостите, за на крајот тоа да му успее на Кристијан Ериксен, кој со удар од далечина го матираше голманот на Брајтон за огромна радост меѓу домашните фанови.

Воедно, продолжи и перфектната серија на Тотенхем на новиот стадион, на кој „спарси“ на четири меча имаат исто толку победи, притоа не примајќи ниту еден единствен гол.

На вториот натпревар одигран вечерва, Саутемптон ремизираше против Ватфорд (1-1), стигнувајќи до значаен бод во ботбата за опстанок во Премиер-лигата. Единствениот погодок беше постигнат по само седум секунди игра преку Шејн Лонг, најбрз гол во историјата на Премиер-лигата.

На 1-1 во самиот финиш од мечот израмни Греј, со прецизен удар во 90. минута.

Се вчитува...