Франција е шампион на Европското првенство за фудбалери до 17 години (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Франција е новиот шампион на Европското првенство за играчи до 17 години. Французите денеска во финалниот меч славеа над репрезентацијата на Холандија со 2-1.

„Лалињата“ дојдоа до водство од 0-1 со голот на Слори во 48. минута. Французите десет минути подоцна успеаја да израмнат на 1-1 со голот на Кумбеди, а истиот играч само две минути подоцна ги постави конечните 2-1.

За „галските петли“ ова е трета титула на континенталните собири за играчи до 17 години, додека Холандија останува на четири титули во оваа старосна граница.

Првиот гол на Франција може да го погледнете на следниот линк.

Вториот гол на Франција може да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...