Германија ја совлада Литванија по две продолженија

Каква драма на кошаркаскиот натпревар одигран во Келн помеѓу Германија и Литванија. Победникот беше решен дури по две продолженија, кои Литванија ги избори во последните две минути, откако Германците имаа +7. Но, одличната игра во одбраната и во нападот, придонесе да дојдат до „егал“.

Првата четвртина се одигра во „егал“, а добра предност направи Германија во вториот период кој го доби со +5. Литванија се врати во третиот период, а во четвртиот речиси во целиот тек водеа Германците кои „прокоцкаа“ седум разлика на две минути до крајот, и последен шут за победа.

Ниту во првото продолжение немаше победник, па се премина кон второ. Таму Германија направи предност од три разлика во последните секунди, а Литванија имаше две слободни фрлања. Промашено второто, и повторно напад за Литванците, кои со тројка се обидоа да дојдат и до победа, но не успеаја.

Најефикасен беше Валанчиунас со 34 поени, Вагнер постигна 32.

Во првиот меч Црна Гора ја совлада Бугарија со 81:91, со што Бугарите веќе може да се „пакуваат“ за Софија.

Се вчитува...