Големото срце на Лука: Фондацијата на Дончиќ ќе им помога на настраданите од поплавите во Словенија

НБА ѕвездата Лука Дончиќ преку својата Фондација се ангажираше да им помогне на настраданите од катастрофалните поплави со кои Словенија се справува последните денови.

Се вклучија многумина, а не остана без работа ниту најдобриот словенечки кошаркар кој во моментов се подготвува за Светското првенство со репрезентацијата Словенија. Дончиќ не остана само на зборовите, туку и со дела им дојде на помош на настраданите.

„Фондацијата Лука Дончиќ е потресена од катастрофалните поплави кои предизвикаа хаос во Словенија, уништувајќи домови и одземајќи животи. Благодариме на сите пожарникари и спасувачи, но и на сите оние кои реагираа и ги ризикуваа своите животи за да им помогнат на оние на кои помошта им беше најпотребна. Сите жители на Словенија кои ги загубија своите домови во овие страшни поплави се во нашите мисли и срца. Ќе направиме се да им помогнеме“, соопштија од Фондацијата.

Се вчитува...