Гринвуд останува во притвор поради сомнение за силување и закани со убиство

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд е приведен под обвинение за напад, силување и закани со убиство.

21-годишниот Англичанец беше приведен во саботата поради непочитување на условите за кауција, а во понеделникот беше сослушан во судот во Манчестер.

Во февруари годинава талентираниот фудбалер беше осомничен за сето она за што моментално го терети обвинителството, а клубот од „Олд Трафорд“ веднаш го суспендираше на неодредено време. Сепак, медиумите од Островот објавија дека Гринвуд продолжува да зема плата од околу 75.000 фунти неделно.

Англичанецот беше уапсен во зимата откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа девојка со крваво лице и бројни модринки по телото, со порака:

„До сите што сакаат да знаат што навистина прави Мејсон Гринвуд“.

Гринвуд порасна во Јунајтед, а за првиот тим дебитираше во 2018. Ги помина сите репрезентативни селекции на Англија и забележа еден натпревар во сениорскиот тим.

 

 

Се вчитува...