Гвардиола: Не ги разбирам овие ваши прашања, а пет години сум тука

Манчестер сити вчера киксна против Саутемптон не успевајќи да дојде до посакуваната победа во Премиерлигата.

Пеп Гвардиола претходно по победата над Лајпциг (6-3) во Лигата на шампионите изјави дека се надева на мечот против Саутемптон да дојдат што поголем број навивачи, што во медиумите беше окарактеризирано како критика кон фановите кои и онака ги бие глас дека одбираат натпревари.

Па, новинарите по вчерашниот дуел со Саутемптон го прашаа да го дообјасни својот став околу навивачите.

„Мора да признам дека не ми се јасни тие ваши прашања, а пет години сум тука. Ниту во еден момент не се пожалив на навивачите, само кажав дека не чека тежок натпревар и дека ни е неопходна нивната поддршка. Никогаш не сум се жалел на нивниот број. Мене ми е мило ако дојдат и 85. Секогаш ми е криво ако не одиграме на ниво, заради нив. Во едни такви ситуации се чувствувам виновно затоа што не сме одиграле добро. Но, овие ваши прашања немаат смисла. Рекова само: ‘Луѓе дојдете на натпревар’. И тоа ќе го направам и сега повикувајќи да дојдат на куп-натпреварот во вторник против Викомб“ – вели Гвардиола.

Се вчитува...