Хаос на ЕП во Ниш: Кошаркарите поради неповолни услови ги бојкотираат натпреварите (ВИДЕО)

Европското првенство во „А“ дивизија кое оваа година се одржува во Ниш донесе досега ретко видени сцени откако кошаркарите на репрезентациите на Турција и Полска одбија да играат поради неповолните услови во салата на основното училиште „Мика Антиќ“.

Невремето кое го затекна југот на Србија направи хаос, протекувањето на салата донесе вода и лизгав под кој притоа придонесе за неколку сериозни повреди, а откако судијата не дозволи прекин на натпреварот во знак на протест Полјаците и Турција од пет минути до самиот крај само ја додаваа топката.

Се вчитува...