Историја: Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди со 200 настап за Португалија!

Кристијано Роналдо веќе 20 години игра за националниот тим на Португалија. 38-годишниот напаѓач дебитираше за селекцијата против Казахстан, а вечерва го запиша својот рекорден 200-ти настап за националниот тим.

Португалија во 4. коло во квалификациите гостува на Исланд, а од првата минута во игра е Роналдо како капитен.

Ниту еден играч во минатото немал толку настапи за националниот тим како Португалецот. Рекордот со најмногу настапи го држеше Бадер Ал-Мутава од Кувајт кој имаше одиграно 196 меча за својот национален тим. Сох Чин Анн има официјално 195, иако малезиската федерација смета дека има повеќе, односно 215 настапи.

Роналдо има 122 гола за Португалија, и исто така е рекордер во тој сегмент.

Се вчитува...