Италијанецот Фариоли е нов тренер на Ајакс

Италијанскиот стратег Франческо Фариоли е нов тренер на еден од најдобрите холандски клубови, Ајакс.

Фариоли изминатава сезона со Ница го освои петтото место во француската Лига 1, а пред Ница ги предводеше и турските Карагумрук и Аланијаспор.

„Воодушевен сум со доаѓањето во Амстердам. Ќе се посветам на тимот со сето срце. Сакам да донесам нова енергија во клубот. Свесен сум дека има многу работа, но подготвен сум. Подготвени да ја дочекаме новата сезона и да го вратиме Ајакс таму каде што му е местото“ – истакна Фариоли на промоцијата.

Се вчитува...