Јапонците го воодушевија светот: Ги чистеа трибините, иако нивната селекција не играше

Катар и Еквадор во неделата го отворија Светското првенство, а после натпреварот се истакнаа навивачите на Јапонија. По завршување на натпреварот, трибините брзо се испразнија, но Јапонците останаа на стадионот да ги исчистат трибините.

Нивниот потез ги остави многумина во неверување, а меѓу нив беше и инфлуенсерот Омар Ал-Фарук од Бараин кој ја снимаше оваа иницијатива на Јапонија и ја објави на социјалните мрежи.

„Ние Јапонците не оставаме ѓубре зад себе, и го почитуваме местото на кое се наоѓаме“, рече еден од Јапонија.

Се вчитува...