Канада ја прегази и Летонија за „три од три“ во групната фаза на СП

Кошаркарската репрезентација на Канда со перфектни „три од три“ ја заврши групната фаза на Светското првенство кое оваа година се одржува во Филипини, Јапонија и Индонезија. Канаѓаните во последниот натпревар од првата фаза славеа со 101-75 против Летонија.

Летонците подобро го започнаа натпреварот и по првите 10. минути имаа двоцифрена преднсот од 13-23, но продолжението од средбата беше целосно во знакот на Канада. Веќе до крајот на првото полувреме северноамериканската држава успеа да го превземе водството (43-42), а продолжи во ист ритам и во второто полувреме.

Третата четвртина ја доби со 24-15 за двоцифрена предност пред одлучувачките десет минути во кои само беше зголемена предноста.

Со 27 поени, 6 скокови и 6 асистенции лидер на Канда беше Гилгеус-Александар, а него го следеше Барет со 22 поени и 5 скокови. 16 поени и 2 скокови за Летонија постигна Гразулис.

Се вчитува...