Капитенот на Партизан: Кога го видов Доузер на аеродром ми се стемни (ВИДЕО)

Кошаркарскиот клуб Партизан во новата сезона ќе може да смета на услугите на Пи Џеј Доузер, 26-годишникот Американец кој редовите на „црно-белите“ ги засили од НБА. Доузер важи за големо засилување на актуелниот шампион на АБА, но допрва треба да се привикне на новата атмосфера.

За тоа говореше и капитенот на Партизан, Американецот Кевин Пантер кој имаше интересна изјава поврзана со облеката на новиот соиграч кој на аеродромот се појави облечен во црвено.

„Ми се стемни кога го видов на аеродром целиот облечен во црвено. Луд е. Кога го видовме со Зек Ледеј веднаш му кажавме дека тие бои никогаш повеќе нема да ги носи. Прв пат е во Европа ќе мора да му помогнеме да се адаптира“, вели Пантер.

Се вчитува...