Касилјас во борба против лажните вести: Јас сум хомосексуалец!

Икер Касилјас се реши за невообичаен метод во борбата против ширење на лажните вести. На поранешниот шпански голман му дојде преку глава од броните дезинформации околу неговиот приватен живот, па на својот твитер-профил објави кратка порака: „Јас сум геј, се надевам дека ќе ме почитувате“.

Објавата во прв момент предизвика огромно внимание, но набрзо потоа стигна објаснувањето… Касилјас се решил на ваков потег по серијата невистини поврзани со неговиот љубовен живот, пред се лагите околу наводната врска што тој ја имал со актерката Алехандра Ониева.

„Тоа беше негов начин да стави до знаење дека е време медиумите да престанат да шират лаги. Секоја седмица е поврзуван со некоја нова девојка, веќе му дојде преку глава и се реши преку ваква објава да ги замолчи таблоидите“, откри близок пријател на долгогодишниот шпански репрезентативец.

Се вчитува...