Кларксон постигна 20 поени за помалку од четири минути и ја „потона“ Кина на Ѓорѓевиќ (ВИДЕО)

Домаќинот на Светското првенство Филипини со победа од 96-75 над Кина го заврши настапот на собирот на најдобрите кошаркарски репрезентации.

Предводени од неверојатниот Џордан Кларксон и неговите 34 поени, 2 скока и 3 асистенции Филипини успеаја да одиграат фантастична трета четвртина во која постигнаа 34 поени, а примија само 11 па негативата од полувремето ја претворија во убедлива победа над Кина на српскиот стратег Александар Ѓорѓевиќ.

Во истата експлодираше НБА кошаркарот кој постигна 20 поени за само четири минути игра.

На победа се радуваше и Мексико кој го совлада Јордан со 93-80.

Се вчитува...