Кој е генијот кој ги надмудри Меси и Аргентина?

Ерве Ренар е човекот кој ја водеше Саудијска Арабија во големата победа над Аргентина (1-2) во воведното коло од Светското првенство.

Откако ја заврши играчката кариера во 1999 година, ја почна својата тренерска кариера во Драгуњан, тим во играше. Првиот голем успех го имаше во 2011 кога со Замбија стигна до сензација на Африканскиот куп кого го освои. Во 2013 поради несогласување со раководството на федерацијата, ја напушта Замбијаи се сели во Брегот на слоновата коска, а во 2015 со оваа репрезентација го освојува повторно африканскиот Куп, станувајќи единствен селектор со две титули од „црниот континент“.

По една лоша авантура во Лил, се враќа во Африка и се сели во Мароко, настапот на Светското првенство во 2018 година го завршува во групната фаза. Се сели во Саудиска Арабија со која стигнува до 51. место на ФИФА ранг листата, завршувајќи пред Јапонија и Австралија во квалификациите за овогодинешното Светско првенство. По овој успех, Саудиска Арабија му го продолжува договорот до 2027 година.

Се вчитува...