Купот на Германија за Баерн Минхен

Кошаркарите на Баерн Минхен ја оправдаа фаворитската улога и славеа со 90-78 против Олденбург во финалето од Купот на Германија. Клучната предност баварците ја направија уште во првата четвртина која ја добија со 24-16, а во продолжението од средбата одолеваа на налетот на гостинот за мирен финиш на мечот.

Со 18 поени лидер на Баерн Минхен беше Владимир Лучиќ, додека Расел со 28 поени и 5 асистенции и Дрескел со 21 поен го предводеа Олденбург.

Се вчитува...